петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Конференција „Медиумска писменост во дигиталните простори“

Конференција „Медиумска писменост во дигиталните простори“

Со конференцијата „Медиумска писменост во дигиталните простори“ која денеска ќе се одржи Скопје, Мрежата за медиумска писменост го отвора петотто издание на Деновите на медиумска писменост (2023).

Конференцијата е во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Фондацијата Метаморфозис, Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС и ќе се состои од два панели и една работилница.

Деновите на медиумската писменост е национален настан кој има за цел мобилизирање на граѓаните, образовните установи, граѓанските организации, медиумите и државните институции и за подигнување на свеста за напредокот постигнат во медиумската и информациската писменост.

Оваа година темата на ДМП е: „Медиумска писменост во дигиталните простори“ и е произлезена од темата на Глобалната недела.

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на настаните што ќе се одржуваат во живо, хибридно или онлајн, како и медиумските содржини кои ќе се прикажуваат во рамки на Деновите на медиумска писменост 2023, може да ги следат на Мрежата за медиумска писменост на Facebook, Instagram и Youtube, како и на веб страниците https://mediumskapismenost.mk/ и https://avmu.mk/ (МИА)

Фото: МИА архива

Најнови вести