понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коњ трча во спротивна насока на автопатот Скопје –Тетово, неколку полициски патроли не можат да го сопрат (ВИДЕО)

Коњ трча во спротивна насока на автопатот Скопје –Тетово, неколку полициски патроли не можат да го сопрат (ВИДЕО)

Видео снимка од незауздан коњ кој со впрегната приколка трча во спротивен правец на автопатот Скопје – Тетово беше споделено синоќа на социјалните мрежи.

Во „потерата“ по животното се вклучиле и повеќе полициски возила, кои исто така морале да возат во спротивна насока.

Како дошло животното до автопатот не е познато, но се претпоставува дека побегнало од сопственикот од некое од соседните села

За среќа во целата бркотница не се случи сообраќајна несреќа.

Најнови вести