вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Контраверзии при полагањето на Државниот испит за директори, откажале полагање зошто комисијата не се појавила

Контраверзии при полагањето на Државниот испит за директори, откажале полагање зошто комисијата не се појавила

Контраверзии го следат полагањето на директорскиот испит организиран од Државниот испитен центар. Година ипол откако истиот беше блокиран поради политички опструкции денес кандидатите кои требале да полагаат се вратени зошто недостасувале членови на комисиката задолжена за полагањето.

Инаку година ипол Државниот испитен центар нема распишано испити за полагање на менаџерски испит, а со тоа централната власт го ускратува уставното право на потенцијалните директори да полагаат за лиценца за менаџери. Ова е уште еден доказ за апсурдноста со која се соочуваат општините.

-И покрај тоа што овие луѓе уплатиле, полагале, со одлука на новиот директор се поништија полагањата и испитите кои ги имат положено потенцијалните кадри за директори. Само да се елиминира потенцијалната конкуренција, на кадрите кои во времето на СДСМ , не навлегувам на каков начин, добиле соодветна лиценца за директори, изјави штипскиот градоначалник Јорданов за овој случај.

Најнови вести