Корона вирусот забрзано се шири во училиштата и градинките. Последната статистика покажува дека бројот на позитивни случаи од КОВИД-19 расте во воспитно образовниот процес.
Имено, според статистиката вкупно има 66 ученици и 174 наставници позитивни на корона вирус кои наставата ја вршеле со физичко присуство, а двојно е зголемен и бројот на ученици и наставници кои се наоѓаат во самоизолација, па поради ова се зголемува и процентот на следење на онлајн наставата.
Додека пак, во детските градинки бројот на позитивни случаи од корона вирус само во последната недела достигна до 120 позитивни и 18 деца заразени од вирусот, додека пак во изолација се наоѓаат 1139 деца и 187 вработени од над стотина загрижувачко воспитни групи.
Ако бројките до пред една недела биле овие, јасно е дека истите се зголемиле ако се земе во предвид дека медиумите секојдневно пренесувата информации за ново заразени наставници, воспитувачки и деца во воспитно образовниот процес.
Министерката за образование и наука Мила Царовска и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска речиси се на ист став дека ситуацијата и покрај големиот број на позитивни случаи и случаи на изолација е под контрола, па оттаму не се размислува затворање на градинките и училиштата ширум државата.
-На почетокот на оваа недела известивме колкав е процентот од вкупен број на ученици и ќе видите дека 0,05 проценти е заразеност кај ученици и 0,6 проценти е кај наставници. Што значи не надминуваме ниту еден процент, немаме ширење на ковид во училиштата внатре. Се додека не се создадат услови за затворање ние би останале на овој модел, вели Царовска во изјава за медиумите по средбата со наградени ученици на меѓународни олимпијади за информатика на крајот на месец октомври.
-Ја следиме состојбата, правиме контроли, на дневно ниво добиваме извештаи за новопојавени позитивни случаи како на вработени, така и на деца, и можеме да кажеме дека состојбата се уште е под контрола, изјави Шахпаска.
Родителите се загрижени за здравјето на децата, па велат дека и покрај тоа што учебната година започнала со еден месец закаснување, ниту владата ниту МОН не обезбедиле услови и соодветни протоколи за заштита на здравјето на учениците.
За потсетување, пред отворање на детските градинки и училиштата не се изврши скрининг на воспитувачките и наставниците, па како една од причината за зголемениот број на позитивни случаи е токму ова.
Наставата во училиштата се одвива со физичко присуство од прво до трето одделени, додека за погорните одделенија истата се одвива онлајн програма. Претходно владата донесе одлука за ослободување на еден родител од работни обврски за деца до 10 годишна, но во ек на пандемија, кога бројките драстично се зголемија и достигнаа до над 1.000 ново заразени и над 20 почиинати на ден истата ја укина.