петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Коста Петров има 10 годишна визија за младите со „30 прашања кои им се домашните миленичиња на функционерите на СДСМ“

Коста Петров има 10 годишна визија за младите со „30 прашања кои им се домашните миленичиња на функционерите на СДСМ“

Потпретседателот на СДСМ Коста Петров вечерва на емисијата „Само вистина“ на Kанал 5 телевизија призна дека во Македонија има две реалности, од кои едната е дека младите се иселуваат, млади коишто се разочарани кои сакаат да си ја пробаат среќата на друго место, заради економски причини и дека треба да се има иновативен пристап во визијата за Македонија.

Неговиот настап на емисијата го пропратија бројни негативни коментари од граѓани кои ја следеа дебата, од тоа дали младите си заминуваат од Македонија за да се докажат во Мекдоналс, до тоа зошто би останале младите во Македонија кога се вработува секојдневно по партиска книшка.

Потпретседателот на СДСМ, деновиве познат по видеата „30 прашања и 30 одговори“вели дека е интересно кој им е омилен пијалак или домашно милениче на функционерите на СДСМ, наспроти тоа рече дека треба да се говорат фактите и дека државата треба да има 10 годишна визија за младите, но граѓаните прашуваат дали стратегијата на СДСМ за иднината на државата е кое е домашното милениче на Спасовски ?

Тој исто така вели дека се чувствува дека неговата иднина е сигурна после преспанскиот договор и дека за некои луѓе процесот бил болен ,но и луѓето коишто биле против преспанскиот договор на еден начин се обидуваат да ја загрозат иднината, за кое што наиде повторно на негативни коментари од страна граѓаните кои коментираа дека СДСМ не ја почитуваше волјата на граѓаните на референдумот и против уставно се потпиша истиот.

 

Најнови вести