Актуелниот портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов е новиот кандидат за градоначалник на општина Струмица.
-Победуваме силно и убедливо. Мотивиран токму од потенцијалите кои ги препознав за нашето Општество, можностите и иднината во регионалниот развој, како и европската филозофија за локално делување, одлучив политичката кариера да ја продолжам во рамки на Локалната самоуправа, напиша тој на Фејсбук.