СДСМ и власта не се откажа од изборите во Штип кои се одржаа вчера, цената сепак ја плаќа кризата со корона која допрва ќе крахира во пресрет на јануарскиот бран кој го очекуваат лекарите.
И во меѓувреме додека на изборите се уценуваа гласачи болни од КОВИД да излезат да гласаат, полицијата остана слепа и глува како и што истото го направи вечерта додека работеше угостителки објект надвор од дозволеното време.
На Твитер се појави и фотографија на која Костадин Костадинов е во друштво на новиот градоначалник на Штип во кафеана на познат бизнисмен по 21 часот кога е забрането да работат локалите се со цел да не дојде до ширење на вирусот.
-Ко то тамо пева после 21:00 часот, во штипски Локал на познат бизнисмен?
За обичните смртници важат СИТЕ закони, а за моќниците се отвараат и кафани после полноќ!
Мандатот почна со прекршоци…, се наведува во твитот.
#ВоСигурниРаце
Ко то тамо пева после 21:00 часот, во штипски Локал на познат бизнисмен?
За обичните смртници важат СИТЕ закони, а за моќниците се отвараат и кафани после полноќ!
Мандатот почна со прекршоци…#ВоСигурниРаце pic.twitter.com/zjVgqG4axz— RajnaBureva (@RajnaBureva) December 13, 2020
Гневните корисници на социјалните мрежи пишуваат и дека вчера во Штип ги немало полицајците и специјалните да направат драма како во Дебар Маало кога упаднаа на масата на Христијан Мицкоски.
Сега сите молчат, молчи и СДСМ со соопштенија до јавноста.