Лидерот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов зборуваше за отворањето на македонскиот клуб во Благоевград и кажа дека тоа е провокација, пренесува „БНТ“.
„Во неделата имаше обид за провокација, за постоење на едно непостоечко малцинство во Бугарија. Оваа провокација беше запрена од потомците на Никола Вапцаров“, кажа Костадинов.
Претседателот на Преродба кажа дека ќе зборувале за бугарската историја во Брисел и Стразбур.
„Македонија тврди дека бугарските клубови имаат провокативни имиња. Но, ние ќе ја претсатвиме книгата за Никола Вапцаров, каде што вели дека е Бугарин. Едно да биде јасно: Македонија е бугарска“, вели тој.