петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Костов: Мицкоски на лидерската средба уште еднаш го потврди својот конзистентен став, уставни измени под бугарски диктат нема, додека Ковачевски беше неспремен и блефираше

Костов: Мицкоски на лидерската средба уште еднаш го потврди својот конзистентен став, уставни измени под бугарски диктат нема, додека Ковачевски беше неспремен и блефираше

Опозицијата има конзистентен став тоа што го зборуваше во минатото тоа и го прави. Нема измени на Уставот под диктат на бугарска политика, вели Сотир Костов аналитичар во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

За лидерската средба Костов вели дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажал конзистентен став и со неговите предлози до Димитар Ковачевски и СДС всушност го нокаутирал ДУИ и ја исклучил од политичките процеси.

-Мицкоски велеше јас одам да кажам дека не успешни ќе се овие разговори, барам предвремени избори. А премиерот Ковачевски велеше дека одиме на средба каде што ќе се договориме за уставни измени. И сега што се случи? Ако беше успешна лидерската средба ќе излезеа двајцата лидери заедно, ќе дадеа рака пред јавноста, прво ќе кажеше премиерот, а потоа Мицкоски. Не се случи тоа. Излезе прво Мицкоски, беше многу јасен, дециден и краток и тоа нема што да се толкува, само треба да се пренесе. Дојдов со понуда да има промени ама не под диктат на бугарите, туку одложени кога ќе влеземе или пред влезот на ЕУ, пред потпишувањето на протоколите на 27те земји членки. Втор предлог широка коалиција или преодна влада без ДУИ и тоа е мојот став. Тоа е политичар кој што е сигурен во своите ставови. Тоа е политичар кој ја нокаутира ДУИ и ја исклучува од политичките процеси и го нокаутираше премиерот, смета Костов.

Според Костов, Мицкоски покажал дека има стратегија, додека Ковачевски покажал дека е неспремен и дека блефира а тоа како што рече го покажа и со тоа што веднаш после лидерската средба ги пушти своите пи ар мајстори да го напаѓаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

-За мене лидерот на опозицијата Мицкоски имаше стратегија и за мене тој испадна велемајстор на шаховската табла. Други лидер беше неспремен блефираше до средбата, на средбата не му се оствари средбата и после средбата ги пушти своите пи ар мајстори да го напаѓаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за она кое што не се остварува а наводно било договорено на средбата, додаде Костов.

Најнови вести