петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Костов: Радев и Јотова нека дојдат и нека изразат жалење на спомениците на Корчагин, Јосифовски Питу и Тодоровски Карпош, нека се покаат како други врвни политичари што го направија во другите земји

Костов: Радев и Јотова нека дојдат и нека изразат жалење на спомениците на Корчагин, Јосифовски Питу и Тодоровски Карпош, нека се покаат како други врвни политичари што го направија во другите земји

„Јас не верувам во ваква бугарска политика, еве во што верувам јас, февруари месец е познат во кој ни се убиени тројца народни херои Раде Јовчевски Корчагин, Кузман Јосифовски Питу и Христијан Тодоровски Карпош. На вчерашен ден Карпош, а на 20-ти и 25-ти се другиве народни херои. Тие народни херои се убиени, Карпош од бугарската фашистичка војска, а останатите двајца Питу и Корчагин од полицијата, издадени и убиени. А, денешната политика Радев и Јотова нека дојдат и нека изразат жалење, нека положат венец и нека се покаат како други врвни политичари тоа го направија во другите земји. Е, тогаш нема да бидам жолчен Костов, туку ќе речам господа да го оставиме минатото во минатото и ајде да градиме иднина и да видиме што можат да ни помогнат во нашите евроинтеграции“, истакна Сотир Костов во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Тој посочи дека од страна на Бугарија не ги признаваат своите злодела, туку на Македонија и нафрлуваат една матрица дека луѓето што пукале биле Македонци. А, се знае дека сите злодела што се направени во тоа време се направени од фашистички полицајци или војници.

„Дали верувам дека Бугарите се искрени кон нас? Не, не се искрени ниту кон самите себе. Тоа е бидејќи немаат своја историја, славна и крвава историја“, рече Костов.

Тој нагласи дека Бугарија не ги почитува Македонците во нивната земја, дури не ги почитува и пресудите од Стразбур и затоа нема право Бугарија да бара уставни измени ако нема реципроцитет.

„Ние сме историски, политички и дипломатски посебен случај каде што под притисок за други државни, национални интереси потпишавме договор со кој што си го сменивме името, и се откажавме од дел од античката историја“, потсети Костов.

Најнови вести