среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Костов: Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни, а власта е дезиориентирана и секојдневно ги менува своите ставови за уставните измени

Костов: Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни, а власта е дезиориентирана и секојдневно ги менува своите ставови за уставните измени

Сотир Костов, политички аналитичар во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за целата ситуација во државата поврзана со разговорите околу Уставните измени помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и јасно посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став за тоа, а СДСМ секојдневно го менува својот став односно се дезиориентирани.

-Според мене разговорите не се замрзанати, туку ставовите на едната страна се многу јасни, а на другата од ден во ден се менуваат зависно од маката што ја имаат, тука мислам на луѓето од власта, па и малку се дезиориентирани, рече Костов и додаде:

-Лидерот на опозицијата беше многу јасен, од денес постои само едно прашање, прашање на предвремени избори. Костов во текот на своето гостување укажа дека целата ситуација со промена Уставните измени и промена на Уставот не е едноставна работа и се гледа дека нема никакво придвижување во позитивна насока. Не е така едноставна работа за да се случат Уставни измени и да се направи промена на Уставот. Се работи за нација која неколку пати е изигрувана и на меѓународниот фактор но и домашните фактори кои биле на власт и лично мислам без експертската јавност, без експерите на големото Уставно право. Оваа работа не оди, се гледа и воопшто нема да оди, додаде Костов.

Најнови вести