вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Костовски го кани Смилевски на ТВ дуел: „Ти си најнеспособен градоначалник во историјата на општина Бутел“

Костовски го кани Смилевски на ТВ дуел: „Ти си најнеспособен градоначалник во историјата на општина Бутел“

Господинот најнеспособен градоначалник во историјата на општина Бутел Велимир Смилевски, иако не му е до смеење тој некако со сила се насмеал и немајќи никаква идеја, неможејќи да се пофали со ниту еден реализиран проект, се охрабрил да ме праша дали доколку загубам на изборите ќе си поднесам оставка од Собранието, пишува Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел.

„Прво, знам дека и ти си убеден, но да те потсетам дека на овие избори ти ќе заминеш во историја додека победници ќе бидат сите граѓани на општина Бутел.

Второ, доколку сакаш директно да ти одговорам на твоето прашање, ете јас сакам џентлменски тоа да го направам лично и во четири очи со тебе. Велимир биди храбар и немој да се криеш, еве јас те замолувам одбери медиум, време  и новинар и АЈДЕ да се видиме на ТВ Дуел, јас ќе ти одговорам на твоето прашање, додека ти ќе треба да ми одговриш мене, но и на граѓаните на малку повеќе прашања.

Те чекам, биди храбар и не се криј“, напиша Костовски.

Најнови вести