петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Костовски: Граѓаните на Бутел заслужуваат подобар живот

Костовски: Граѓаните на Бутел заслужуваат подобар живот

Денеска гордите Македонци од Кучевишка Бара и Бел Камен не дочекаа како никогаш до сега ❗️

Понижување и обезличување!

Ова се главните карактеристики на оваа неспособна влада! 3 години го лажат македонскиот народ! 3 години на нашите граѓани од Кучевишка Бара и Бел Камен им даваа лажни ветувања за нова територијална поделба и промена на границите! Овде живее чесен, горд македонски народ кој ја сака оваа општина и оваа наша држава!

Прием за поклон и почит. Прием кој ни дава мотив и верба за големата победа на 15 јули. Овој народ не се продава за ефтин предизборен популизам. Манипулациите и лажењата не се покриваат на овој начин!

Се обврзавме на минатата средба заедно со носителот на ИЕ 2 Владо Мисајловски дека овде на ова населено место ќе направиме канализациона и одводна мрежа и ќе ги поставиме асфалт според сите стандарди како што заслужува овој народ!

Овде ќе победиме како никогаш до сега, со најголема разлика затоа што овој народ ќе стави крај на понижувањата и лагите!

Најнови вести