Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски се сомнева во политичко влијание од страна на власта за затворање на банката, односно како што рече тој изговарам тешки зборови дефинитивно има политичко влијание и стојам зад ова, додавајќи дека се уште немам докази но ќе ги обезбедам.
-Кој ја предлага гувернерката на Народна банка? Претседателот на државата, уставно право му е. А претседателот под кое влијание врши номинација на гувернер. Дефинитивно има политичко влијание, кажа Костовски
-Можеби тешки зборови изговарам, но апсолутно е дека има и политичко заднина и повеќе од јасно е. Тежок збор изговарам, одговорен сум и стојам зад ова. Немам се уште докази, но ќе ги обезбедам, изјави Костовски.