Во емисијата „Тренд анализа“ гостуваше Трифун Костовски кој рече дека изговорите на премиерот дека бил посветен на решавање на името, а немал време за економија, се смешни.
-За прашањата за економија не треба да биде изговор на премиерот бевме посветени на прашање за името, и сега ќе се посветат на економијата. Ви се молам влада од 24-25 министри, заменици министри, вицепремиери да нема кој да ги води тие работи, се малку смешни, потенцира Костовски.
Костовски истакна дека ситуацијава со економија не е розова.
-Говориме за просечна плата од 500 евра, таа плата треба да се заработи, треба да се направат тие пари. Треба да се вложи ум и напори. И да се инвестира во нешто што се вика потенцијал, прво човечки кадар, второ идеи и како тоа да го направиме бидејќи свесни сме дека парите на гранка или на дрво не раснат. И не паѓаат одозгора, туку треба да се заработат. Ако граѓаните очекуваат со влегување во НАТО и ЕУ дека овде ќе биде се мед и млеко тоа се најголемите лаги. Затоа сакам да упатам една работа помалку избори, помалку зборување, повеќе работи, нагласи Костовски.