Навистина на мое, но најнапред на големо задоволство на жителите на село Љубанци, денеска отвораме еден убав спортски комплекс, едно убаво спортско игралиште. За првпат на територија на Општина Бутел еден убав терен со високо квалитетна вештачка трева и целосно комплетирано и оформено спортско игралиште со трибини, нова ограда и навистина станува збор за еден убав настан на кој што ќе се радуваат особено најмладите во Љубанци, посочи денеска градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
Истакна дка игралиштето е направено со донација на една општествено одговорна фирма во вредност од три милиони денари и изрази благодарност што постојат такви фирми и што навистина помагаат во едни вакви услови на криза.
-Покрај тие спортски терени кои што до сега и те како ги градиме на територија на Општина Бутел како никогаш досега, за многу скоро од сега, населеното место Бутел 2 ќе добие сличен ваков спортски терен, населеното место Визбегово и некаде во текот на месец септември населеното место Радишани, долната зона или по старо село Радишани исто така ќе добие еден убав спортски комплекс. Работиме и на многу други работи, за многу кусо, за некој ден почнуваме со нова градинка на територија на Општина Бутел и многу други проекти, но би се задржал јас денеска тематски и тука сме денеска за ова игралиште во Љубанци кое што навистина изгледа преубаво.
Исто така би напоменал дека вечерва, веднаш по отворањето ќе започне еден убав, голем меморијален турнир кој навистина ќе биде прекрасен и има пријавено веќе 50-тина екипи. Општина Бутел се јавува како генерален покровител на овој турнир и тој турнир е со традиција од околу 50-тина години, неколку години за жал не се одржуваше, но еве сега се одржува и навистина ги поканувам граѓаните на цела територија на градот Скопје да доаѓаат и да уживаат во овој убав настан на ова убаво игралиште, нагласи Костовски.