Трифун Костовски во интервју за Фактор.мк вели дека актуелната Влада освен промената на името ништо друго нема испорачано.
Според него особено на полето на економијата, состојбата е големо разочарување.
-Со слабата реализација на капиталните инвестиции, односно изградбата на инфраструктурата, а и во сите други сегменти оваа Влада – падна. И згора на сето тоа, новата креација на буџетот, кој ќе тежи речиси четири милијарди евра, и со нови 300 милиони евра нето-задолжување, навистина е врв на една хипокризија, која што владее во целото наше општество. Не знам што со овие пари ќе испорача Владата, истакна Костовски во интервјуто за Фактор.