Кандидатката за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар, вечерва во емисијата „Само вистина” која се емитува на телевизија Канал 5 дебатираше со својот противкандидат од СДСМ, Горан Герамимовски. Котлар посочи дека во општина Центар неопходно е да има градинки затоа што се случува луѓето да не можат да најдат место за своите деца.
– Ние во Капиштец детектиравме објект и сакаме да разговараме со институција која е задолжена на централно ниво, го има објектот и разговараме тој објект бидејќи не е во функција, да ни се отстапи и едниот дел да биде градинка, а другиот дел да биде дневен престој за ранливите категории – децата со Даунов синдром, аутизам, да биде едно обезбедено место за дневен престој на тие деца. Ова сакам да го детектирам бидејќи мојата замисла е многу поразлична и од Богдановиќ и од Горан и тоа да биде центар на деца каде што ќе има педагози и дефектолози, рече Котлар.
Котлар кажа дека сака на тие деца да им се откријат способностите и афинитетите за да нивните семејства бидат спокојни и тие луѓе да бидат инклузивни за да бидат дел и од работниот свет, или од културниот и социјалниот свет во општина Центар.