Едни научни институции паѓаат под притисокот на актуелната власт, тогаш ние имаме голем проблем. Бидејќи државните и безбедносните интереси се бранат преку институции. А, тоа се научни институции, високо образовни институции, Академијата, тие се таа авангарда на едно општество кое што нам ќе ни го покажува како обични граѓани, ова е правиот пат, тоа е погрешниот пат, истакна Наташа Котлар во емисијата „Што не е јасно“.
Котлар додаде дека извршната власт т.е. актуелната власт, и Собрание се само сервис на другово ова општество, народното, научното, културното.
-Ние ги имаме заменето улогите. Не можете вие да стрепите пред Владата така ми рече. Или поставен сум од Владата па не смеам да реагирам. Тоа е недозволиво, нагласи Котлар.