недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Котлар: За Бугарија е провокација самото постоење на македонците, Вербалните ноти на МНР се замајување на јавноста за критиките за пасивниот однос

Котлар: За Бугарија е провокација самото постоење на македонците, Вербалните ноти на МНР се замајување на јавноста за критиките за пасивниот однос

Јас не знам за какво добрососедтсво можеме да зборуваме кога во старт другата страна ни вели дека не признава постоење на македонска нација, посебна македонска историја, посебен народ. со кого прават добрососедство оние од другата страна, тоа не ми е јасно. Проблемот кај нас е дека многу порано требаше да се истакне дека во оваа држава македонскиот народ е оној кој што е суверен на оваа територија врз основа на АСНОМ-ските одлуки кои што ја поставија државотворноста на македонската држава и требаше да се гради една надворешна политика симетрична, а не асиметрична како што е присутна во договорот за добрососедство, рече професорката Наташа Котлар во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Таа посочи дека во односите меѓу Бугарија и Македонија ние не доживеавме претставниците на надворешната политика на Македонија да заземат соодветен став кон другата страна, бидејќи пред се мора да водите грижаза достоинството, честа и угледот на народот вво македонската држава.

Котлар вели дека според нејзе, за Бугарија е провокација и самото постоење на македонците и тоа ќе продолжи да биде така се додека бугарската држава и нејзините владејачки кругови не прифатат дека од другата страна е македонскиот народ.

– Мислам дека самото постоење на македонците е провокација за Бугарија, се додека бугарската држава и нејзините владејачки кугови не сватат дека од другата страна е македонскиот народ и другите делови на народи кои што живеат во оваа држава, меѓутоа се определиле да бидат во македонската држава и градат македонска историја и култура, рече Котлар.

Професорката смета дека во овие пет години од 2017, кога е потпишан Договорот за добрососедство со Бугарија од македонската страна нема сериозна надворешна дипломатска активност и дека последните вербални ноти што МНР ги испратило за провокациите и навредите ои доаѓаат од бугарските политичари, е вушност замајување на јавноста бибејќи беше критикувано за нејзиниот пасивен однос.

– За овие пет години од 2017 кога е потпишан договорот, дали ние сме доживеале една сериозна надворешена политичка дипломатска активност, од страна на нашите преставници на политиката. Ова сега во моментиве што го доживуваме како вербални ноти од една страна кон другата, мислам дека е замајување на јавноста, бидејќи беше многу критикувана нашата дипломатија за нејзиниот пасивен однос. Таа треба да си го менува целосно својот однос, како што кажа и господинот Дејвид Гир, добрососедството и почитувањето на различностите. Тие се темелите и на Европската унија, истакна Котлар.

Најнови вести