среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Котлар за дигитализацијата: Не можете помошно образовно средство да го издигнете на основно образовно средство

Котлар за дигитализацијата: Не можете помошно образовно средство да го издигнете на основно образовно средство

Многу ме револтира тоа што ние имаме потпишано два текста, нема да ги именувам како договори и во 1999 и во 2017-тата година кои што на некој начин од нашата историја треба да направат нешто, туѓо. Тоа е апсолутно не дозволиво па какви и да бидат целите, вели професорката во Националниот институт за историја Наташа Котлар во гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

-Ние веќе се загубивме, откако го загубивме нашето име и редица многу нешта, да не зборувам, се откажавме од идеите на самиот манифест на АСНОМ, друго што има да загуби македонскиот народ, веќе нема што да загуби. Сега мораме да започнеме од ново, да си ја вратиме и нашата историја, да го вратиме и нашиот говорен народен јазик, бидејќи македонскиот јазик не се говори само тука, туку надвор и од нашите граници, децидна е Котлар.

Котлар потенцираше дека образованието е сложен процес, укажувајќи дека дигитализација не е соодветно решение за нашите услови.

-Ова што се појавува во етерот за дигитализација е крајно несоодветно за нашите услови, па мислам и за некои поразвиени држави. Не можете помошно образовно средство да го издигнете на основно образовно средство. Тоа секогаш ќе биде книгата, односно во образованието учебникот. Ако некој сака да се откаже од таа книга или од учебникот тоа значи дека на еден лекомислен начин сака прво себеси да се осиромаши, а после и другите, вели таа. Дали сакаме ние од идните генерации да направиме само пасивни следачи на нешто што се појавува на екранот од една техничка справа а да не може да се консултираат од нешто друго. Се чита и се учи од книга, а се дополнува учењето од дигиталното помошно средство, децидна е Котлар.

Најнови вести