сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коцевски до Ковачевски: Нема ништо европски во вашите закани и навреди, доаѓа крајот на власта

Коцевски до Ковачевски: Нема ништо европски во вашите закани и навреди, доаѓа крајот на власта

По предавничка влада од вашата ниту имала, ниту ќе има, му порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Коцевски Зоран на денешната собраниска седница на Димитар Ковачевски.

Коцевски истакна дека нема ништо европско во тоа што граѓаните молат за лекови, а учениците немаат учебници.

Јас во вашата влада и во вашиот пат ништо европски не гледам. Не е европски тоа што премиерот чита книга додека пратениците дискутираат,. Не е европски кога од премиер ќе слушнеш недолични зборови кон пратенички. Не е европски кога Ковачевски се заканува со кршење на раце и нозе на пратеник на опозицијата на првиот ден кога нема да биде премиер, рече тој.

Не е европско кога болни луѓе умираат и молат за лекови. Не е европски кога учениците се без учебници, не европски кога 2 километри автопат не можете да направите. Ништо нема од европскиот пат. А тоа да му го пренесете и на Груби, еднаш дојде ви го зема зборот, но тоа е нормално тој е ваш шеф.

Коцевски ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да размислат пред да го подржат предлогот на Ковачевски, укажувајќи дека доаѓа крајот на владата на СДС и ДУИ.

Кратко е времето на оваа влада. Беа 64, а сега се 62, посочи Коцевски.

Најнови вести