петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачев: Бугарија нема да се согласи Македонија да започне преговори со ЕУ доколку Скопје не престане да ја фалсификува историјата!

Ковачев: Бугарија нема да се согласи Македонија да започне преговори со ЕУ доколку Скопје не престане да ја фалсификува историјата!

Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев во интервју за бугарскиот портал „Euroactiv.bg“ вели дека Бугарија веќе отворено се заканува на Скопје со вето на разговорите за членството со Европската унија.

Имено тој во интервјуто за бугарскиот медиум вели дека Бугарија нема да се согласи со отпочнување на преговорите на Македонија со Европската Унија доколку Скопје продолжи да ја фалсификува историјата.

„Ако мешаната комисија за историја не работи до јуни и властите во Скопје продолжат да ја фалсификуваат историјата, Бугарија нема да се согласи да започне претпристапни разговори со северна Македонија“. Ова го коментираше европратеникот Андреј Ковачев  за „ЕУРАКТИВ“, во кое се наведува дека ова е негов став, а не официјалниот став на владата.

Тој најави дека до јуни Европската комисија има рок да започне договор за преговори за членство со Скопје и Тирана. Потоа треба да се одржи меѓувладина конференција, на која одлуката мора да биде едногласно изгласана.

-Нема датум за оваа конференција. Можеби тоа е по завршувањето на хрватското претседателство на Советот на ЕУ на 30 јуни, кога ќе започне германското претседателство, вели Ковачев.

 

Најнови вести