Во емисијата „Лице в лице“ на „БТВ новините“ бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев зборуваше за Гоце Делчев.
– Ние повикуваме да има разбирање. Дадовме можност во Договорот да има комисија, сакаме да ги охрабриме и нивните историчари и нивните политичари, не е толку страшно. Драги Ѓеоргиев го кажа тоа дека Гоце Делчев самиот се изјаснил како Бугарин. Ќе се разбудат следниот ден исто живи и здрави. Треба да продолжиме по тој пат, потребна е храброст, изјави тој.
Ние не сме негатори на македонскиот идентитет. Напротив, тоа си е нивно право. Но, немаат право да ја менуваат историјата и идентитетот на Илинденците, на Гоце Делчев, на Дамјан Груев, на браќата Миладинови, на Григор Прличев, на Рајко Жинзифов, на една плејада преродбеници и револуционери – изјави Ковачев.