среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ковачевски да се произнесе за потребата за писмени гаранции за јазикот и историјата за заштита на идентитетот во преговорите со Бугарија“

„Ковачевски да се произнесе за потребата за писмени гаранции за јазикот и историјата за заштита на идентитетот во преговорите со Бугарија“

Ковачевски да се произнесе за потребата за писмени гаранции за јазикот и историјата за заштита на идентитетот во преговорите со Бугарија, ова денес преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски да побара писмени гаранции дека Бугарија нема да ја оспорува македонската јазична посебност, идентитет и историја. Дополнително државата треба да добие гаранции од Брисел дека нема да има дополнителни пречки на нашиот пат кон ЕУ. Ковачевски да не ја става државата во подредена положба, и да побара гаранции со што ќе се заштити Македонија, идентитетот, јазикот и историјата, велат од партијата.

Од таму додаваат дека се друго кое оди наспроти овие принципи е штетно за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати.

Најнови вести