понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски: Сега е време да покажеме заедништво, државнички став и дека нашето место е во Европската Унија

Ковачевски: Сега е време да покажеме заедништво, државнички став и дека нашето место е во Европската Унија

И благодарам на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар за охрабрувачките тонови и силни пораки во нејзиното денешно обраќање пред пратениците, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

-Во овие пресудни мигови во нашата историја, навистина многу значат нејзините зборови на поддршка на нашиот европски пат и пораката дека мора да се забрза со евроинтеграцискиот процес бидејќи сега е вистинскиот момент.

Сега е време да покажеме заедништво, да покажеме државнички став и да покажеме дека нашето место е во Европската Унија, објави Ковачевски на фејсбук.

Најнови вести