недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски тврди дека Миликије има универзитетска диплома – претходно таа со средното медицинско работеше како инспектор во Царинската управа

Ковачевски тврди дека Миликије има универзитетска диплома – претходно таа со средното медицинско работеше како инспектор во Царинската управа

Миликије Халими е предложена и избрана за директорка на јавното претпријатие за аеродромски услуги врз основа на универзитетска диплома што ја приложила – изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање.

– Таа е избрана од страна на надзорниот одбор и врз основа на критериуми што ги има јавното претпријатие за аеродромски услуги, кое, сепак, е едно мало претпријатие и врз основа на универзитетската диплома што ја има таму поднесено. Таа е предлог на Владата врз основа на универзитетската диплома што ја има и која ја имаат и други функционери – рече премиерот Ковачевски по свеченоста по повод Националниот ден на осигурувањето.

Ковачевски, сепак, не даде објаснување за каква диплома се работи.

Халими во 2017 година стана првата жена градоначалник на општина Арачиново, која по завршувањето на градоначалничкиот мандат со средно медицинско училиште, конкурираше и беше избрана за инспекторка во Царинската управа, а во саботата јавно на социјалните мрежи му се заблагодари на СДСМ за довербата да раководи со ЈП „Аеродроми“.

Назначувањето на Халими за директорка предизвика лавина реакции во јавноста со обвинувања за владејачката партија дека ги изневерила сите идеали на шарената револуција, која му помогна на СДСМ да дојде на власт.

Најнови вести