четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ковачевски заборави на чистиот воздух и здравата животна средина кои ги ветуваше како пратеник на СДСМ“

„Ковачевски заборави на чистиот воздух и здравата животна средина кои ги ветуваше како пратеник на СДСМ“

Раководството на ЕЛЕМ, покрај директната одговорност што ја има со лошото менаџирање со водостојот на Охридското езеро, со што неколку дена под вода се поголем дел од улиците и објектите во Охрид, со своето нестручно работење деновиве повторно од незнаење и недобро менаџирање и негрижа предизвикува уште една еколошка катастрофа со расејување на пепелта од депонијата од РЕК Битола низ цела Пелагонија, рече Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јавноста во Битола добро знае што зборуваше Васко Ковачевски како пратеник и советник од Битола. Денес како генерален директор на РЕК заборави на здравјето на Битолчани и граѓаните од околните населени места. Заборави на чистиот воздух и здравата животна средина, што им беше главна порака на изборите за добивање на гласовите на Битолчани. Денес очигледно се заборави на штетноста на пепелта по здравјето на граѓаните, за нејзината канцерогеност, за која секојдневно се обраќаа до граѓаните дека под итно треба да се реши. Денес за нив се поважни тендерите во четири очи, денес пепелта не можат да ја видат, иако на фотографиите тоа се гледа дури од Прилеп, а да не зборуваме да се има обврска да се покрие навремено. Дали денес Васко Ковачевски и раководството на СДСМ сами на себе ќе си поднесат кривични пријави за загрозувањето на здравјето на Битолчани и животната средина, како што правеа кон претходното раководство. Или тоа беше уште една голема лага само да се дојде на власт. Дали ќе продолжат со започнатиот проект за отпепелување што претходното раководство го почна со решавање, а тие 10 месеци како и сите други проекти важни за граѓаните ги пролонгираа. Ова е уште еден доказ за врвното лицемерие на СДСМ, едно ветуваат во кампањата, друго прават на дело, истакна таа.

Најнови вести