среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки: Додека ние зборуваме за нов заменик министер за одбрана, војниците се оставени без превоз

Ковачки: Додека ние зборуваме за нов заменик министер за одбрана, војниците се оставени без превоз

Кога веќе парламентарното мнозинство гласа се што трајно неспособниот ќе им предложи се поставува прашањето од постоење на дебата во овој дом на граѓаните. Ова парламентарно мнозинство е спремно да ги разреши замениците и на нивно место постави луѓе кои до ова собрание доставиле не преведени биографии, вели Драган Ковачки пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Ковачки посочи дека за заменик министер за образование се предлага лице за кое просветен инспектор утврдил дека има спорна диплома.

Треба да гласаат за лице за кое просветен инспектор има утврдено дека има спорна диплома односно лице кое за време на 27ми април беше на најодговорната функција во МВР како министер, а не презема ништо за да се спречи насилството. Тоа лице кое го предлагате за заменик за образование во тоа време е највисок на хиерархијата на МВР и лице кое воопшто не беше повикано на одговорност, рече Ковачки.

Ковачки додаде дека секојдневно има дојава за бомби во училиштата, а се уште нема никаква разрешница, само насока до учениците да продолжат да учат онлајн настава, прашувајќи доколку утре има дојава за бомби во болниците тогаш и пациентите ли ќе ги префрлат онлајн.

Имате бомби во трговски центри, судови. Што правиме ако утре ни дојават дека има бомби во болниците и пациентите ли ќе ги префрлите онлајн, истакна тој.

Во однос на назначувањето на заменик министер за одбрана, Ковачки нагласи дека додека се зборува за нов заменик министер војниците се оставени без превоз.

Во делот на министерството за одбрана шеста година по ред, СДС е власт во моментот додека зборуваме војниците се оставени без превоз. Замислете да сте министер за одбрана на земја членка на НАТО а да не можете да обезбедете превоз за сопствените војници, изјави Ковачки.

Како планира со лице кое е доктор на науки по книжевност и е поетеса да ни го реформира земјоделието, односно каква додадена вредност ќе добие министерство со новата министерка заменичка со нејзиното портфолијо. Никакво, смета тој.

Премиерот е изгубен во политиката и работи и спроведува тоа што ќе му кажат. Нема достоинство и е обичен слуга на Артан Груби. Тоа народот го гледа и затоа револтот кон него расти. Премиере свестете се и заминете додека е време, му порака пратеникот Ковачки на Ковачевски.

Најнови вести