Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПННЕ Драган Ковачки прашан за коментар за предлогот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски за 90 пратеници во македонското Собрание, истакна дека остануваат на ставот.
-Што се однесува до второто прашање поврзано со изјавата на претседателот Христијан Мицкоски во вчерашното интервју, остануваме на ставот, значи ги каниме сите политички партии и политички фактори во државата да разговараме за намалување на бројот на пратениците од 120 на 90 во македонското Собрание. Со што цениме дека ќе се подобри функционалноста на македонската демократија и ќе се намалат трошоците, одговори Ковачки.