четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки: Не може да менувате Устав без да го прашате народот, власта ја наметнува темата со уставни измени затоа што нема друго да понуди

Ковачки: Не може да менувате Устав без да го прашате народот, власта ја наметнува темата со уставни измени затоа што нема друго да понуди

Не може да менувате Устав без да ги консултирате граѓаните. Ако се убедени, нека повелат на избори, да ги соочиме аргументите и фактите и народот нека си каже. Тоа што тие сега го прават со квази мнозинство со вметнување на партии се добива само проблем со легитимитетот на таа власт, изјави за „Што не е јасно“ пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Ковачки потенцира дека власта постојано го повторува прашањето за уставот затоа што нема што да понуди пред граѓаните, по економија сме на дното, а народот живее помизерно.

– Власта постојано го повторува прашањето за уставни измени затоа што и нема што друго да кажат. Нека излезат и нека кажат зошто Македонија до 2020 до 2022 има пад и единствени сме во регионот што имаме пад во економија, зошто 63% од фирмите кажуваат дека треба да дадат мито за да добијат тендери, зошто граѓаните сметаат дека државата сметаат дека се движи во погрешна насока, дека животниот стандард им е полош., рече тој.

Ковачки посочи дека власта со ова сега само бара начин и креира сценарија да се оправда, како и да го оправда неуспехот за неотпочнување на преговори.

– Македонската влада барајќи начин за да се оправаат за неуспехот за отпочнување на преговори, а сите знаеме дека тие може да почнат со почитување на Копенхашките критериуми, зборувам и за тек и з завршување. Не може да ги лажете македонските граѓани, да се смени уставот и ќе почне пари да доаѓаат, во криминална држава не може некој да ви дава пари од надвор. Нивните граѓани на тие држави плаќаат даноци, зошто би ни овозможиле кога има корумпирана и најкриминална влада, вели Ковачки.

Ковачки посочи дека Европа не сака земји кои немаат владеење на правото, поврзани лица со власта не се апсат, а други поврзани со опозиција се оцрнуваат, законите важат за поединци, и земја која има политички затвореници во 21 век.

Најнови вести