Полковникот во АРМ, Драган Ковачки, вечерва во Алфа телевизија, во одговор на прашањето какво е чувството како припадник на АРМ да се оди на дефиле без името на Република Македонија или да не се интонира македонската химна, Ковачки рече дека истото е поразително, газење на достоинството на македонецот.
Поразително е да не интонира химната на Република Македонија, газење на достоинството на македонецот, ние сите имаме дадено заклетва дека ќе ја браниме Република Македонија, дека ќе го браниме суверенитетот и интегритетот, нејзината чест и достоинство, дали го одбранивме како воени лица , мислам дека не, тоа е моето скромно мислење, вели Ковачки.
Во врска со негирањето на Гоце Делчев, Ковачки истакна дека Делчев е во крвта на сите Македонци, она што е Ататурк за Турците, Васил Левски за Бугарите, Скендербег за Албанците, тоа е Гоце Делчев за Македонците, некоректни се изјавите на политичарите за Делчев, нејасно е зошто се прифатило да се преговара за истото.
Ние не можеме тие работи да ги прифатиме дека се дел од некаква заедничка историја, не можеме да се откажеме од Гоце Делчев, порача Полковникот Драган Ковачки.