среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки по поднесување на кривична пријава за прилепската злосторничка група: Знаеме кои сте, не правете криминал и притисок, промените се извесни ќе мора да одговарате

Ковачки по поднесување на кривична пријава за прилепската злосторничка група: Знаеме кои сте, не правете криминал и притисок, промените се извесни ќе мора да одговарате

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека сите знаат која е прилепската злосторничка група и порача да не прават криминал и притисок и дека промените се извесни и ќе мора да одговараат.

-Денеска во ЈО поднесовме кривична пријава против злосторничката група службеници во МВР, кои вршеле следење, малтретирање и тепање на неистомисленици на Заев во Прилеп пред изборите во првиот круг.

Попусто им беше целиот притисок. И покрај се’, изгубија силно во Прилеп. Попуст е и притисокот кој го прават пред вториот круг.

Едни веќе заработија кривична, да видиме кој неразумно ќе продолжи да ги слуша наредбите на Заев и Спасовски, ќе прави криминал и притисок.

Знаеме кои сте, знаеме што планирате. Промените се извесни. Власта се менува. Слободата ќе дојде, не правете криминал, ќе треба и ќе мора да одговарате.

Доаѓа нова иднина, со многу проекти и победи, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести