Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук бара Спасовски да си поднесе оставка по денешното пукање во Ист гејт.
„Пред 3 дена Министерот кажа дека целосно ги разбиле криминалните групи.
Денеска, среде бел ден, нова криминална пресметка во трговски центар во Скопје. Во тој трговски одат секакви категории на лица: возрасни, млади, мажи, жени, родители со деца…
Спасовски повторно ја излажа јавноста.
Граѓаните не се безбедни и повторувам:
Полицијата под раководство на СДС и на ДУИ нема никаков авторитет!
МВР е мртво ткиво.
Наместо Спасовски да тера кампања за Претседател, треба да си поднесе оставка.
#Промени“, стои во неговиот пост на Фејсбук.