четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки: Со неподнесување на одговорност од страна на власта за скандали државата станува извор на нестабилност и за самото НАТО

Ковачки: Со неподнесување на одговорност од страна на власта за скандали државата станува извор на нестабилност и за самото НАТО

„Најпрвин да изразам сочувство до починатите пациенти во болницата во Тетово, не е страшно да се преземе одговорност. Одговорност е голема доблест што треба да се понесе доколку сакаме да бидеме сериозни политичари и да се приближиме до европските вредности кон кои што се стремиме“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Ковачки потсети на случајот со прислушкувањето во Јавното обвинителство пред две години. Случај кој што помина така во јавноста со неколку прес конференции, неколку најави дека ќе има истрага за случајот но меѓутоа случајот се стави на страна, под тепих. Иако се знае дека кога се прислушкуваат јавните обвинители, тој што ги прислушкувал тој за нив има материјали со кои што може понатаму да ги условува и да влијаат на водењето на понатамошните истраги на самото обвинителство. Тука граѓаните не видоа одговорност ниту од еден политички фактор во државата. Немаше ниту одговорност за случајот „Рекет“, тука одговараа само специјалната обвинителка и Бојан Јовановски. Такви случаи како овие имаше доста но за ниту еден случај политичарите од власта не понесоа одговорност.

„За жал не видовме ниту одговорност во случајот со вакцините, само ќе потсетам кинеските вакцини, фантомската фирма од Хонг Конг. Едноставно вие да нарачувате во ек на светска криза, здравствена криза, во пандемија да сакате да на грбот на граѓаните да печалите и притоа пак да не носите одговорност откако ќе ве фатат, мислам дека е неодговорно кон самата држава и кон самите граѓани“, појасни Ковачки.

Ковачки додаде дека и за бразилските респиратори министерот за здравство не понесе одговорност.

„Не видовме одговорност и во делот ако сакате на министерството за внатрешни работи, во делот на акцијата „Планина“. Ќе потсетам тогаш, тогашната и се уште обвинителка Вилма Русковска кажа дека акцијата е пробиена од кртови од врвот во МВР. И никому ништо, никој не понесе одговорност ниту политичка, ниту кривична“, нагласи Ковачки.
Ковачки посочи дека Македонија е членка на НАТО, но со вака неподнесување на одговорност за скандали и случаи државата станува извор на нестабилност и за самото НАТО.

Најнови вести