вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кракамишева-Јовановска: Уредба со која се гледа зошто им треба вонредната состојба – да злоупотребуваат буџетски средства и да вработуваат пред избори!

Кракамишева-Јовановска: Уредба со која се гледа зошто им треба вонредната состојба – да злоупотребуваат буџетски средства и да вработуваат пред избори!

Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска реагира на најновата уредба, која според универзитетската професорка, е всушност Уредба со која се гледа зошто на Владата на Спасовски и треба вонредната состојба – за да и натаму злоупотребуваат буџетски средства и да вработуваат пред избори. Ви го пренесуваме целиот пост на Каракамишева-Јовановска.

„Уредба каде е пропишано здравствени работници да бидат членови на избирачки одбори?

Уредба во која е препишана уредбата за дополнување на првата уредба за прашања поврзани со изборниот процес?

Уредба со која се гледа зошто им треба вонредната состојба-да злоупотребуваат буџетски средства и да вработуваат пред избори!

Еве и конкретно:

1. Во чл. 4 од новата уредба е препишана уредбата за дополнување на уредбата за прашања поврзани со изборниот процес од 10 јуни. Се создава правна забуна што со важноста на уредбата за дополнување на уредбата од 10 јуни? Дали таа престанува да важи?

2. Во чл.5, став 4 стои дека ДИК формира еден или повеќе посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници кои ГО СПРОВЕДУВААТ ГЛАСАЊЕТО?

Ова е спротивно на чл. 37, став 2, алинеја 1 од Изборниот законик каде стои дека Општинската изборна комисија го именува составот на избирачките одбори со решение и со депонирани потписи на членовите го доставува до ДИК. Како ќе се изберат токму здравствени работници да бидат членови на ИО?

Исто така, треба да се потенцира во уредбата дека изборните резултати се пребројуваат и се објавуваат истиот ден кога ќе се одржи гласањето, и дека роковите од Изборниот законик за правото на приговори по однос на неправилностите во гласањето се применуваат и за гласањето 13 и 14 јули.
Тоа значи подготвеност на сите изборни органи во полн капацитет.

3. Чл. 9 од Уредбата е повторно доказ дека власта сака да ги злоупотребува буџетските средства, да распределува помош која што практично е поткуп на гласачи и вонредно да вработува лица.“ пишува Каракамишева -Јовановска на ФБ.

Најнови вести