сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кратење на платите во администрацијата само доколку има политички консензус и консензус во Владата

Кратење на платите во администрацијата само доколку има политички консензус и консензус во Владата

Владата нема консезус за носење одлука со која би се скратиле платите на административците. Министерката за финансии, вели дека за да се разгледува ваква одлука потребен и политички консензус, но и консензус во Владата, објавува Сител.

-Темата е сензитивна и многу често се вадат од контекст изјавите кои потоа се пласираат за добивање на политички поени, без воопшто да се има предвид кој би бил предложениот модус, колку би бил праведен и што би значел, вели Ангеловска.

Појаснува дека во администрацијата има луѓе кои за време на оваа здравствено-економска криза работат двојно и тие треба да бидат наградени.

-Но, во исто време имаме многу голем дел кој речиси 2 месеци половина од деновите не работеше, дел можеби имаа одреден ангажман од дома, а дел воопшто немаа. Системот во јавната администрација нема можност во вакви услови да препознае заслуга спрема продуктивност и придонес. Но секако тоа е реформата во јавната администрација на која што Министерството за информатичко општество работеше и верувам со уште посилно темпо ќе продолжи да работи по кризата, вели Ангеловска.

Посочи дека во ниту еден момент не се разговарало да се скратат платите на административците со ниски примања.

-Би било контрадикторно да зборуваме за помагање на сите граѓани со намалени доходи и за стимулирање на приватна потрошувачка, ако во исто време на сите работници со ниски примања во јавната администрација им скратиме дел од месечните примања. Од друга страна, мора да имаме предвид кој ја полни државната каса од каде се исплаќаат и платите на јавната администрација. Во услови кога е „повреден“ приватниот сектор кој е главен полнач на буџетот, а со тоа и голем дел од работниците во приватниот сектор се појавува разумното прашање – каква порака праќаме ние дека сме солидарни и го делиме товарот сите заедно?, прашува Ангеловска, додавајќи дека ваква одлука ќе се донесе само со мнозинство во Владата.

Најнови вести