сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КРИК против политика која е корумпирана, злобна и неморална

КРИК против политика која е корумпирана, злобна и неморална

“Повеќето сметаат дека ако на некој начин се спротистават  штетата ќе биде поголема од користа, меѓутоа виновна за тоа е само власта, таа е онаа што всушност прави штета поголема од користа. Зошто не е по разумно да се предвидат и спроведат потребните реформи? Зошто власта не го почитува своето мудро малцинство? Зошто таа вреска и се спротивставува пред  да биде повредена? Зошто не секогаш ги охрабрува своите граѓани да ги следат и известуваат за нејзините грешки, и така да и помогнат да се справи со нив подобро?”.

Само власта е способна да му наштети на општеството со тоа што ќе го запостави, непочитувајќи ја неговата волја или не барајќи консензус со него, и на безмилосен начин го доведува до очај. Па се прашуваме, зошто недостасува политичка етика во која политиката е средство за постигнување рамнотежа помеѓу интересите на сите групи во општеството, а социјалната справедливост и општото добро се запоставуваат.

Но, јавниот морал започнува од оние што се на власт, бидејќи какви што вредности поседуваат тие, истите тие  се имитираат од граѓаните.

Ако властите ја издигнат измамата на ниво на некаква ценност или му ги протнуваат на општеството своите порочни модели на управување, тогаш народот е во право да се спротистави. Прашањето е да се минимизира или грчевиото да се брани својата позиција, да се остане рамнодушен кон промена на статус квото или да се  реагира веднаш на политичкито безредие и корумпирано управување.

Уште една порочна теза за државата, која се толкува како механизам за неконтролирано управување на општеството. Управување без етички императив, без познавање на неодложните социјални проблеми и без барање на повратна корективна врска. Важно е да се напомене дека државата како организација настанала поради зачувувње на животот на луѓето и неговото целосно одвивање, затоа власта во државата не е добро, туку средство за постигнување на општото добро, на политичкото добро – правдата. Кога моќта се перцепира и се практикува како добро, управувањето се претвора во корист и се заканува на темелите на општеството.

Смислата на постоењето на државата се природните права и нивната заштита. Целта на државата е да го утврди општото добро и разумното ограничување на природната слобода со воведување заедничка мерка за добро и зло, на праведно и неправедно, на дозволеното и незаконското. При оваа историска трансформација се врши транзицијата од природна состојба кон граѓанско – државно организирано општество, кое би требало да го води народот кон благосостојба и напредок, а не да го упатува кон бездната.

Оваа опасност може да падне на секое општество кое не придава важност на злобното владеење и е угнетено. Токму поради оваа опасност граѓаните треба да го задржат правото на контрола врз раководната активност, а една од формите на оваа контрола е правото на отпор. Транзицијата од природна состојба на општеството, кон државна организација има за цел гарантирање на слободата, а не нејзиното искоренување, еве зошто луѓето се договараат, да ги задржат своите природни права. Важно е да се спомене дека тие го придружуваат постоењето на човекот, како во до државната состојба, така и во државното општество и секој обид за задушување и непочитувањето им од страна на самата држава значи дека таа врши самоволие и нелегитемно управување.

Власта е товар и бреме во интерес на општеството, нејзината цел не е личната корист на владетелот, туку гарантирањето на безбедноста и просперитетот на управуваните. Причините за спротиставувањето се вкоренети во нелегитимно управување, а тоа е такво, ако не е засновано на општествени вредности, тоа секогаш е противправно, чин на кршење на Уставот и законите. Управувањето е легитимно сè додека успева да ги почитува природните права на граѓаните – особено правото на живот, слобода, сопственост, а од тука произлегува и заштитата на правото на отпор.

Терминот „владеење на правото“ не е ништо повеќе од изразување на услов владателите да не се поставуваат себеси или која било социјална група пред останатите, туку да обезбедат еднаквост во општеството. Уште од антиката се сметало дека одговорност на владателите е да обезбедат квалитетно и одржливо управување.  Претворањето на државата во инструмент за тиранија и доминација на приватните интереси на тесната група на луѓе над остатокот на општеството е во суштина крај на легитимноста на самата држава.

Во држава која е неспособна да гарантира отворено и непристрасно спроведување на правдата, како и да создаде нормални услови за живот на нејзините граѓани, а во исто време се обидува да води задкулисно  управување, секој обид таквиот статут да биде променет заслужува поддршка.

Политичката слобода на граѓаните го вклучува нивното право да воспостават државна моќ, како и нивно право да ја контролираат. Една од формите на контрола врз активностите на државниот апарат е правото на отпор, еве зошто тоа не е самоволие, во суштина, тоа е остварување на политичка слобода. Отпорот има своја политичка основа во суверенитетот.

Секоја промена кон подобро е проследена со потешкотии, како раѓањето и смртта – со грчеви на телото.

Државата мора да се однесува кон општеството како кон ближен, да може барем да биде рамноправна кон сите и да не го доведе во заблуда народот пропишувајќи неморални облици на однесување. Кога државата се издигнува над општеството и го уредува по удобен за неа начин, без да прозре во каква положба се наоѓа тоа и дека нејзина одговорност е да се застапи за него во момент, на тешкотија, во тој случај државата е непотребен апарат, товар на општеството.

Државата како организирана етносоцијална заедница треба да изгради точен модел на управување, по можност да го обезбеди  најдоброто за општество, имено отворено и транспарентно управување. Тоа би требало да се случува преку конзистентност и непротиворечивост на активностите на власта, обезбедување ефикасност и стабилност на институциите. Во најдобар случај тоа треба да биде соодветно и во никој случај да не ги манипулира луѓето да не биде олигархиско управување, користејќи ја државната моќ да им служи на приватните интереси.

Правото на отпор произлегува директно од нелегитимните постапки на власта. Кога власта ќе започне да се распаѓа, тогаш ова право станува неопходно за да се врати рамнотежата, да се зачува општеството.  Правото на отпор, тоа е  природно , неотуѓиво од човекот, тоа е уште право да го чува и  зајакнува управувањето, кога злоупотребите на прекумерна моќ стануваат неподносливи.

Отпорот  е крик против политика која е корумпирана, злобна и неморална.

А Македонскиот народ тој КРИК мора да го направи na 18.06.2022 год. ако сака да си ја зачува државата.

 

Пишува: Лазе Јаќимоски

Најнови вести