Здружението на штедачи оштетени во Еуростандард банка денес излегоа на протест пред македонското Собрание.
„Туѓи пари не сакаме, своите си ги бараме“ – порачаа тие.
Во нивно име се обрати Дејан Николовски, член на иницијативниот одбор на здружението на оштетени штедачи.
-Сите овие луѓе овде, во време на пандемија, кога секој гледа да се изолира најмногу што може, ние имаме мака и мораме да се собираме за да дадеме до знаење на јавноста за криминалот што е направен врз нас. Нашето барање е да бидеме обесштетени, истакна тој.
Целиот негов говор и видео од протестите можете да погледнете во продолжение: