Не стивнуваат реакциите во јавноста за начинот на поделба на средства од страна на Фондот за иновации, кои наместо во иновативни производи завршуваат во печатници на весници, пишува порталот Лидер.
Веднаш откако беа поделени средствата, стасаа и првите обвинувања за криминал на сметка на власта.
– Една равикана компјутерџиска фирма добила 10 милиони денари од Фондот за иновации за софтвер кој што го продаваат 10 години. И тоа, десктоп софтвер кој работи само локално и само на Windows, напиша вчера на социјалната мрежа Твитер, братот на познатиот провладин колумнист Сашо Орданоски, Ванчо Орданоски.
На прашањето дали има докази за ваквите тврдења, тој напиша дека поголем доказ од листа од која се гледа како средства добиле фирми кои не иновирале, туку подметнале постоечки производи. Дополнително Орданоски вели дека постапката била нетранспарентна, без никакво известување и право на жалба. Тој додава дека има и сведоци, но работата не е јавна.
Орданоски ги повика сите одбиени да му се придружаат во поднесување на кривични пријави за злоупотреба на државни пари.
Буквално целата јавност се прашува што има иновативно во печатници или издавачи на весници. Граѓаните на социјалните мрежи обвинуваат дека всушност воопшто не била наградувана иновативноста.
Постојат сериозни индиции дека политичката определба имала пресудна улога во добивањето на милионските грантови. Лидер ги истражуваше дел од компаниите кои се јавуваат како добитници, и дојдовме до инфорамции дека една од фирмите, печатницата „Софија“ од Богданци се јавува и како финансиер на СДСМ за време на локалните избори во 2017 година, со донација од над 1 милион и 400 илјади денари. За сега истата да добие 1 милион и 50 илјади денари.
Сопствениците на печатницата можеа да се забележат и на бината на партиските митинзи на СДСМ за време на локалните избори заедно со Зоран Заев и партискиот врв.
Лидер веднаш по доделување на грантовите објави дека една од фирмите кои добила грантови е и весникот „Слободен печат“, каде главен и одговорен уредник е еден од најударните провладини колумнисти и новинари на Бранко Героски.
Порталот пишуваше дека во документот кој го објави Фондот за иновации, стои оти овој провладин весник парите ги добил за набавка на печатарска машина и производна хала. Лидер пишуваше и дека Фондот за иновации е институција која финансира иновации од страна на македонски иноватори, по што се поставува прашањето како тоа набавка на печатница може да биде прикажана како иновација?
Ова не е прва прилика медиуми и компании во кои работат провладини перјаници да добиваат пари од државата, претходно, компанија на Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Сашка Цветковска доби 90.о00 евра од Агеницјата за филм, а компанија во која е ангажиран Сашо Орданоски доби 125.000 евра од истата институција.