Општина Крива Паланка повикува на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на делови од Крива Река.
Од општината велат дека службите се на терен, се превземаат сите мерки, а состојбата е под контрола.
-Поради обилните врнежи дојдено е до поголемо излевање на повеќе долови, Домачки Дол, Куков Дол, а надојдените водотеци, долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река. Се повикуваат сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните кадешто има појава на свлечишта, се вели во известувањето на Општината.
Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000.
Поради свлечиште целосно е во прекин сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – село Луке.
Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правци од 21:00 часот.