петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кривичен ќе проверува дали до нив воопшто дошло сведочењето на Камчев за „Рекет“

Кривичен ќе проверува дали до нив воопшто дошло сведочењето на Камчев за „Рекет“

Скопскиот кривичен суд ќе врши проверки дали записникот од сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев за случајот „Рекет“, чија прва страница „протече“ во медиумите, воопшто дошол до оваа институција.

– Судот, утре, ќе направи интерни проверки и само ќе утврдиме дали воошто во судскиот предмет сме го имале или не спорниот записник, вели Иван Џолев за Алсат.

Џолев сепак не сака да навлегува во коментари за истрагата за тоа од каде протекол документот, бидејќи смета дека тоа се активности на обвинителството.

Обвинителката Русковска ја потврдува веродостојноста на сликата од објавениот записник. Останатите заклучоци и коментари на авторот, како што веќе беше истакнато во соопштението на обвинителството, нема да ги коментира. Оригиналните списи од предметот ги поседува само обвинителството а копија од нив беше доставена до надлежниот суд.

Најнови вести