четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кризната состојба со топлинска енергија во Град Скопје продолжена до 30-ти април

Кризната состојба со топлинска енергија во Град Скопје продолжена до 30-ти април

Собранието со 59 гласа „за“, ниту еден против и воздржан, ја донесе Предлог одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, во рамки на 63-та седница.

Со новата одлука, кризната состојба ќе трае до 30-ти април 2022 година.

Владата, или конкретно Електрани на Македонија (ЕСМ), треба да ја преземе обврската за снабдување со топлинска енергија од БЕГ како снабдувач, во услови кога цената на енергенсот е за 40 отсто повисока.

Министерот за економија Крешник Бектеши образложи доколку оваа криза би била оставена на одговорност на Град Скопје и со оглед на инфраструктурата на десетте скопски општини, тогаш би пропаднал целиот електроенергетски систем во земјава поради тоа што трафостаниците во овие општини не се во состојба да добијат дополнителен капацитет ако се премине од централно греење со топлинска енергија во греење со електрична енергија.

За опозицијата, граѓаните не треба да плаќаат повисоки сметки, бидејќи институциите не знаеле како да ја менаџираат енергетската криза.

Најнови вести