За нов Генерален секретар на ГРОМ е избран Крсте Петревски на денешната 14та Седница на Централниот Одбор на ГРОМ, на предлог од Извршниот Одбор.
Крсте Петревски е роден на 18 август 1967 година. Тој е дипломиран економист. Во неговата кариера работел раководни и менаџерски функции во Македонија и повеќе земји.
Петревски е активен и дејствува во партијата од денот кога е основана па се до денес, особено во Општинската Организација на ГРОМ-Кисела Вода која ја раководеше од 2014-2017. Во 2017та е избран за член на Извршниот Одбор на партијата.