Независниот синдикат на полицијата во соработка со здружението „Крводарител“ денеска организира крводарителска акција во ГОБ „8 Септември“ за дополнување на резервите на крвни единици.
На крводарителската акција поддршка ќе дадат и Синдикатот на српската полиција, како и здужението „Коце Заувјек“ од Србија.
-Со оваа активност сакаме да го промениме пристапот кон крводарителите и за прв пат да покренеме иницијатива за промена на позитивно правните прописи со што ќе се овозможи и дарување на крв на странски државјани кои сакаат да даруваат крв во нашата држава, а ќе упатиме и повик до хуманите граѓани да се охрабрат и редовно да ја даруваат својата крв, велат организаторите на акцијата.