Во Домот на АРМ денеска од 9 до 17 часот ќе се одржи традиционалната 21. крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресветан Богородица.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.
Организатори се Црвениот крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиска медицина.
Акцијата започна во 2003 година со 146 дарувања, а денеска се зборува за бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција.