среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кржалоски: Ние младите имаме потенцијал, сила и храброст да ги менуваме старите навики и пракси, а имаме и моќ да ја насочуваме иднината во позитивна насока

Кржалоски: Ние младите имаме потенцијал, сила и храброст да ги менуваме старите навики и пракси, а имаме и моќ да ја насочуваме иднината во позитивна насока

Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ преку својот Фејбук им го честиташе на сите националниот ден на младите.

-Често младите, како гарант за иднината на една нација, се тема од важен и сериозен интерес. Но и ние имаме обврска континуирано да грабиме искуство и знаење, да предлагаме квалитетни политики за решавање на нашите проблеми и жестоко да ги браниме нашите ставови. Само така ќе бидеме спремни да се соочиме со сите предизвици кои ги носи времето во кое нашите генерации ќе бидат тие на кои што ќе падне одговорноста за градење и развој на ова општество. Унијата на млади сили историски била и ќе биде најмоќната младинска организација во Македонија.  Ние имаме потенцијал, сила и храброст да ги менуваме старите навики и пракси, а имаме и моќ да ја насочуваме иднината во позитивна насока. Во оваа борба ќе и бидеме најдобар пријател на секоја индивидуа или организација која што има добри намери за иднината на оваа држава, за својот град или село, за својата професија или за било која опшествена сфера на интерес. Истовремено, ќе бидеме најжесток непријател на секој што ќе го загрози тоа што ни припаѓа нас – иднина во една држава каде што владее правото, каде што сечие достоинство е заштитено и каде што економскиот просперитет ќе му биде загарантиран на секој што ќе работи и твори во интерес на сеопштото добро. Честит меѓународен ден на млади, но да го имаме кажаното на ум секој ден!, стои во неговиот статус на ФБ.

Најнови вести