четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КСС ги прекинува протестите: Јавниот сектор е под политички притисок, во дел од институциите ќе поднесеме кривични пријави

КСС ги прекинува протестите: Јавниот сектор е под политички притисок, во дел од институциите ќе поднесеме кривични пријави

Извршниот Одбор (ИО) на КСС во текот на вчерашното попладне и денешниот ден одржа два итни состаноци на кои беа разгледани причините за слабиот одзив на вчерашниот протест. Меѓу другото, ИО на КСС донесе одлука да прекине со протести и будно да го следи развојот на исполнување или неисполнување на законските обврски за работниците во јавниот сектор. Согледувајќи и анализирајќи ги сите инфромации коишто пристигнаа од наши членови и синдикални претставници, добивме слика на еден жесток политички притисок кој во текот на вчерашниот ден се случувал во јавниот сектор, стои во соопштението на КСС испратено до јавноста.

Од синдикатот посочуваат дека имајќи ги во предвид реперкусиите кои можат да се случат врз нив, всушност КСС има долгогодишно искуство со деградирање и давање откази на нивни членови заради синдикални активности и затоа донеле одлука во дел од институциите да поднесат кривични пријави против непознати лица, се со цел да го заштитат идентитетот на членовите кои поради нивниот исказ би можеле да доживеат голем број непријатности на своите работни места.

– Се обраќаме до целата јавност и во иднина, доколку продолжат ваквите дејствија КСС во континуитет ќе продолжи да поднесува кривични пријави. КСС изразува големо жалење, но и зачуденост како може еден работодавач во едно демократско општество, во случајот државата или Владата, да си поигрува со судбините на работниците. Секако знаеме, за да се постигне еден договор треба политичка волја и рамноправност помеѓу социјалните партнери во текот на едни преговори. Оваа власт, веќе долги години се обидува да го замолчи и растури КСС преку разни репресивни методи и малтретирања на нашето членство, и при таков однос од власта кон нас не може да се преговара на рамноправна основа. Сакаме да им порачаме дека КСС постоел и ќе постои и секогаш ќе биде вистинскиот браник за одбрана на работничките права затоа што покажавме и докажавме дека секој удар врз нас и обид за растурање и правење притисок не прави многу посилни и многу поединствени, се појаснува во соопштение на КСС.

Додаваат дека работниците во јавниот сектор се крајно потценети, работат под стрес, а избраните и именувани лица се виновни за тоа.

– Правдата секако мора да дојде на овој или оној начин, затоа ве предупредувме и ве повикуваме да престанете со притисоците врз нашите членови, децидни се од КСС.

Најнови вести