Потпретседателот и пратеник на СДСМ, Мухамед Зекири, подолго време јавно се занимава со ИВЗ и со Реисот Сулејман Реџепи.
Не штедејќи на навреди против Реисот Сулејман Реџепи, тој користеше и лични навреди кон него од собраниската говорница, но и сите други форми за јавна комуникација, нарекувајќи го „заштитена мечка“, „резил улема“ и „ѓавол“.
Долгите преписки и повикувања, резултираа со судско решение по кое Скендер Буџаку вчера се повика како нов поглавар на ИВЗ, а Ријасетот се повика на автономија и застана зад Реџепи.
Многумина во ова препознаваат кулминација на судирот на СДСМ со ИВЗ.
Жесток судир на ИВЗ со СДСМ 03.07.2018
Сулејман Реџепи ја претвори Исламската Верска Заедница во свој пашалук каде ги вработи своите најблиски а не верниците кои навистина ја сакаат институцијата- обвини Мухамед Зекири од собраниската говорница.
Пратеникот на СДСМ, остро го нападна поглаварот на ИВЗ за време на седницата посветена на пратенички прашања, велејќи дека Реџепи работи незаконски уште кога пред десетина години застанал на чело на институцијата со оружје и закани.
Зекири вели дека и покрај промената на власта во Македонија и скандалите кои постојано го следат Реџепи, успева да опстои на позицијата. Потпретседателот на СДСМ јавно од премиерот побара УЈП, Финансиска полиција и Трудова инспекција да ја прочешлаат ИВЗ.
Реџепи: Заев да го едуцира неговиот заменик Зеќири, во спротивно работата нема да излезе добро 04.07.2018
Oбвинувања кои пратеникот Мухамед Зеќири ги упати од собраниската говорница го разлутија претседателот на ИВЗ Сулејман Реџепи, кој го повика премиерот Заев да го едуцира неговиот заменик, оти во спротивно работата нема да е на арно.
-Него го мачи тоа што јас како јавен лик сум одликуван од претседателот на Албанија и тоа што кога ќе умрам, ќе умрам со чист образ. Тоа ги мачи овие валкани луѓе кои се трудат да се занимаваат со клевети. Ова не е во ред затоа што предизвикуваат незадоволство на ниво на цела Република. Муфтиите побараа итен состанок затоа што сакаат тој да биде едуциран во спротивно работата нема да излезе добро. Ние чекаме да ги евидентираме проблемите, да влеземе во НАТО, да има успешен референдум. Нема да има успешен референдум ако ИВЗ не го поддржи тој референдум. Јас сега не знам зошто не го воведат во ред овој човек кој постојано клевети. Заев да го воведе во ред или да го едуцира неговиот заменик , изјави тогаш за Журнал Сулејман Реџепи.
СДСМ не се огради од обвинувањата на Зекири 04.07.2018
Мухамед Зекири од собраниската говорница го обвини поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи ја претворил ИВЗ во свој пашалак, во кој ги вработил своите најблиски, а не верниците кои навистина ја сакаат институцијата.
Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири остро го нападна поглаварот на ИВЗ на седницата посветена на пратенички прашања, велејќи дека Реџепи работи незаконски уште кога пред десетина години застанал на чело на институцијата со оружје и закани.
Зекири рече дека и покрај промената на власта во Македонија и скандалите кои постојано го следат Реџепи, успева да опстои на позицијата. Потпретседателот на СДСМ јавно од премиерот побара УЈП, Финансиска полиција и Трудова инспекција да ја прочешлаат ИВЗ.
Заканите на Зекири кон Реџепи и ИВЗ за КОВЗ не се мешање во верските работи 05.07.2018
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗ) не смета дека јавното препукување меѓу пратеникот Мухамед Зекири, кој е и потпретседател на владејачката партија, и поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи претставува мешање на извршната власт во верските работи.
„Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е на став дека во секое демократско општество граѓаните имаат право на свое мислење кое можат непречено јавно да го искажат, а тоа важи и за народните претставници кои се очекува да ги артикулираат различните мислења на граѓаните“, кажаа тогаш од КОВЗ за „Република“.
Иако Зоран Заев по дел од нападите на Зекири против ИВЗ декларативно изјави дека нема да се мешаат во внатрешните работи на верската заедница, по вчерашните случувања партнерот во власта ДУИ оцени дека ова е до сега незапаметен напад врз автономијата на верска заедница во секуларна држава, каков што не е запаметен 42 години.
Зекири и натаму не штеди зборови за навреда на поглаварот на Исламската верска заедница, а неговите искажани ставови се уште стојат јавно објавени на социјалните мрежи.
Меѓу нападите на Зекири кон Реисот на ИВЗ се и обвинувања дека работи незаконски, дека е нечесен криминалец кој се вратил „со калашникови“, ја претворил ИВЗ во свој пашалак. Го обвини Реџепи за злоупотреби на визите за аџиите, за што повикуваше и финансиска полиција
Во друг текст Зекири повикува „За ваков човек каков што е Резил улема Сулејман Реџепи не е потребно да сте толку внимателен оти тој не заслужува никакво внимание, ниту почит од никого во нашава земја, вклучително и муслиманските верници кои за жал тој криминалец и нечовек и натаму ги претставува“ па имамите и членовите на највисоките тела на ИВЗ ги нарекува кукавици.