Одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, упати остри критики до грчката Влада дека не ги информира ниту партиите, ниту граѓаните, за преговорите со името, а единствените информации пристигнуваат или од странство или од медиумите.
– Владата ги држи партиите и граѓаните во мрак. Особено сме загрижени, бидејќи гледаме дека се работи на решение на делови, а не на едно конечно решение, што ќе ги вклучува името, имплементацијата, иредентизмот и Уставот. И тоа не може да се прифати, вели Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, јави дописникот на МИА од Атина.